Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона до крајот на преодниот рок планира да ангажира уште некоја желба, а шпанските медиуми шпекулираат дека каталонскиот гигант е заинтересиран за услугите на Анхел Ди Марија од ПСЖ.
Каталонскиот тим не може премногу да бира засилувања затоа што не е во добра финансиска ситуација, па се обидува да земе искусни фудбалери кои може да им помогнат во борбата за пласман во топ-4 позициите во Ла Лига.
Меѓутоа, контроверзно е тоа што Ди Марија во 2017 година гостуваше на „Камп Ноу“ и ги пцуеше навивачите на Барселона по голот на Едисон Кавани, а фановите сигурно тоа го немаат заборавено.
Се поставува и прашањето колку Ди Марија навистина може да им помогне на Каталонците, со оглед на тоа дека има 34 години и не игра на врвно ниво како во минатото.