Бившиот тренер на Лејкерс: Леброн ќе заврши во Кливленд!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Некогашниот тренер на Лејкерс, Бајрон Скот, предвидува дека Леброн Џејмс ќе игра во редовите на Кливленд барем уште еднаш.

Иако неговата кариера значително се приближува кон крајот, Леброн Џејмс би можел да одигра уште барем една сезона по завршувањето на оваа, а Скот предвидува дека тоа ќе биде во Кливленд.

„Мислам дека ова е неговата последна година во Лејкерс и мислам дека веројатно ќе се врати во Кливленд и таму ќе одигра уште една сезона, а потоа ќе добие статуа и сè што ќе направат за него во Кливленд. Ќе ги именуваат дури и улиците по него“, рече Скот во еден подкаст.

Леброн дебитираше во НБА лигата во 2003 година токму за Кливленд, а неодамна во декември наполни 42 години.

Од друга страна, многумина се сомневаат дека Леброн би можел да ја заврши кариерата токму во Лејкерс и тоа на крајот на оваа сезона, но да почекаме на неговата конечна одлука.