Бизарен потег на Јунајтед: Го избркаа без милост, а сега го молат да се врати на „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед го очекува голем ремонт на лето, а како едно од засилувањата се споменува нивниот поранешен фудбалер, кој го избркаа без милост, Вилфрид Заха.

„Ѓаволите“ имаат многу лоша трансфер политика по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, а тоа го покажаа многумина во текот на претходните години.

Заха во 2013 година замина од „Олд Трафорд“ и се пресели во Кристал Палас за 15 милиони фунти, а сега би можел да се врати назад и тоа за неверојатни 80 милиони фунти.

Раководството на Јунајтед сака да го врати во тимот, поради неговите солидни настапи во клубот од Лондон, но за тоа ќе мора ептен да се потруди и да потроши големо богатство.