Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Џејми Карагер понуди необична теорија за тоа зошто Рубен Аморим уште не го изгубил местото во Манчестер Јунајтед и покрај низата катастрофални резултати на Олд Трафорд. Поранешната ѕвезда на Ливерпул смета дека харизма, шармот и добриот изглед на Аморим му помагаат на португалскиот стручњак да ја задржи работата, пишува Daily Mail.
Говорејќи во емисијата The Overlap Fan Debate, Карагер ги објасни своите гледишта за ситуацијата. “Има голема желба Жозе Мурињо да се врати во англискиот фудбал, и причината е дека тој ги изнесува работите на виделина, но беше победник. Секогаш се сеќаваме на Брајан Клаф, кога бев дете и тој зборуваше, ќе го слушавте затоа што беше победник.
Навистина, ги гледам резултатите и мислам дека, ако Аморим не беше толку харизматичен на прес-конференциите и не беше толку атрактивен маж, можеби навистина ќе ја изгубеше работата многу порано. Кога ги гледате резултатите, тие се ужасни.”
Статистиката не оди во прилог на Аморим. Јунајтед ја заврши минатата сезона на разочарувачката 15. позиција во Премиер Лигата, го изгуби финалето на Лига Европа од Тотенхем и новата сезона ја започна слабо. По поразот дома од Арсенал следеше реми со Фулам, а кулминацијата беше шокантниот испад од Карабао купот по поразот на пенали од нисколигашот Гримсби Таун.
Фото: Grok AI