Бизарни сцени во Франција: На Албанија им ја пуштија химната од Андора, спикерот им се извини на Ерменските фанови… (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред квалификацискиот натпревар помеѓу Франција и Албанија се случи една навистина бизарна ситуација.

Имено, додека репрезентативците на Албанија ја очекуваа нивната химна, организаторот на средбата по грешка ја пушти химната на Андора. На тоа реагираа фудбалерите, но и навивачите, но химната на Андора се изведе до крај.

Потоа Албанците одбија да играат додека нивната химна не биде изведена, а спикерот на стадионот отиде чекор понапред и наместо на Албанците им се извини на фановите на Ерменија…