Бизарноста на фудбалскиот бизнис: На само 14 години потпиша договор вреден 10 милиони евра…?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Популарниот производител на спортската опрема „Најк“ и младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Јусуф Мукоко потпишаа повеќегодишен договор за спонзорство според кој младиот фудбалер ќе заработи околу 10 милиони евра.

Дали знаевте дека овој млад фудбалер има само 14 години?

Така е, важи за еден од најдобрите млади играчи на планетата, веќе игра за У17 тимот на Борусија, а постигна 76 погодоци на 49 натпревари.

Потполно неверојатен учинок на дете родено во Камерун кој сега веќе има и германско државјанство.

Мукоко е роден 2004. година, а по овој договор прашање е како натаму ќе се однесува и дали ќе го нуди својот максимум за да продолжи да напредува.