Бизнисмен ќе го симне Перез од претседателското столче во Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се соочува со незгодна ситуација затоа што би можел да биде совладан на претседателските избори.

Перез веќе со години нема противник на изборите, а сега 32-годишниот бизнисмен Енрике Перез е подготвен да ја прекине ерата на Перез во клубот.

Рикелме има членска книшка уште од детството, па така го исполнува условот да е член на тимот повеќе од 20 години, а лесно може да даде и гаранција од 92,5 милиони евра.

„Мислам дека е време клубот да тргне во друг правец и да стане светско име. Подготвен сум да работам на глобално ниво за да го кренеме тимот на повисоко ниво“, вели Рикелме.