Бјелица по четири години се врати во Динамо – ќе ги тренира Адеми и Ристовски!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми добија нов тренер во Динамо Загреб, откако Ненад Бјелица потпиша повеќегодишен договор.

Бјелица се враќа во клубот, кој го тренираше од 2018 до 2020 година и ќе се обиде да го врати на победнички патеки по ужасните резултати и отказот на Сергеј Јакировиќ.

Динамо Загреб во моментов е на третата позиција со 13 бодови, додека пред него се Хајдук Сплит и Риека со по 17 поени.