Благоја Милевски – Секогаш одиме да победиме


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски денес даде изјава за претстојните два важни натпревари против Шкотска и Северна Ирска.

“Ние сме подготвени да продолжиме таму каде што застанавме. Не случајно имаме речиси ист список на повикани фудбалери, ростерот е тој што играше на поголемиот дел од квалификациите и наша определба ќе биде да се обидеме да продолжиме со добрите игри и резултати. Нормално дека ќе се обидеме да победиме, свесни дека не очекува тежок натпревар во Шкотска, но ние влегуваме со ист пристап, без разлика дали играме со Франција, Шкотска, Северна Ирска или било кој друг”, изјави Милевски.

“Тренираме редовно, играчите кои имаа натпревар добија мала поштеда, како Бејтулаи и Мурати, исто и Пивковски кој ни се приклучува денеска. Најверојатно стартери ќе бидат тие кои беа во најтесниот круг на натпреварот со Украина, освен Ангелов кој е повреден и дополнително ќе одредиме кој ќе почне на негово место“, додаде Милевски.

“Одиме од натпревар во натпревар, секогаш одиме да победиме, така ќе биде и сега, а после натпревар ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за победа или нерешен резултат. Ние нема да го менуваме начинот на игра, ова е единствениот начин на кој знаеме да играме и така ќе биде до крај”, заврши Милевски.