Блан го одби Лион, зашто сака да преземе англиски гигант!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Л’Екип“ објави дека Лорен Блан, поранешниот селектор на Франција и тренер на ПСЖ, одбил да го преземе Лион, зашто има намера да се пресели во Англија.

Блан, наводно, добил понуда од Лион по отказот на Силвињо, но искусниот стратег не ја прифатил и сега планира да се пресели во Манчестер јунајтед.

Според францускиот медиум, англискиот премиерлигаш не е задоволен од Оле Гунар Солскјер, зашто запишуваа лоши резултати на стартот на сезоната, па токму Блан би можел да биде замената за Норвежанецот.

Доколку нешто не се промени наскоро, тогаш Норвежанецот дефинитивно ќе ја загуби и поддршката од управата, откако веќе ја загуби од навивачите.

Од друга страна, Блан во својата фудбалска кариера две години настапуваше во дресот на Манчестер јунајтед.