Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот хрватски тренер Мирослав Блажевиќ почина утрово по долга борба со ракот, а треба да се спомене дека во минатото за малку ќе станел селектор на Македонија.
Блажевиќ во старо интервју за „Вест“ кажа дека бил разочаран затоа што не добил шанса во 2009 година наместо Мирсад Јонуз, а имал уште една шанса да стане селектор, но тогаш беше избран Слободан Сантрач.
„Се сеќавам дека тогашниот претседател беше упорен да постави Македонец и затоа ме одби. Можете да замислите, го одби Чиро со сите успеси и авторитет зашто тренерот морал да биде од Македонија. Неверојатно“, кажа Блажевиќ во интервјуто.