Боатенг за „бегството“ од изолација: Мислев само на мојот син…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот дефанзивец Жером Боатенг ќе мора да се соочи со казна од Баерн Минхен. Тој ги прекрши правилата на карантинот, а потоа и доживеа сообраќајка на патот Минхен – Лајпциг каде што замина да го посети синот.

Германецот возел Мерцедес и направил сообраќајка, но поминал само со полесни телесни повреди, а во Баерн решија парично да го казнат поради „бегството“ од карантин.

„Ја прифаќам казната ако е оправдана. Знам дека беше грешка што не се јавив претходно, односно што не ги известив за патувањето, но во тој момент мислев само на син ми. Кога синот ќе ми се јави, тогаш сигурно ќе одам да го видам, без оглед на времето. Сепак, како што кажав, прифаќам било каква казна од клубот. Јас само сакав да го видам син ми“, кажа Боатенг.