Бобан го доби Милан на Суд, а сега ќе си добие и 5,4 милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан го загуби спорот со Звонимир Бобан, кој го водеше на Суд затоа што му даде предвреме отказ, а на Хрватот ќе мора да му исплати 5,4 милиони евра.

Поранешниот директор на тимот доби отказ по караницата со Иван Газидис, кои не се согласуваа околу трансфер-политиката на екипата.

Потоа Бобан се реши да оди на суд каде што излезе како победник бидејќи пресудата е во негова корист.

Инаку како што е познато, Бобан е вистинска легенда на Милан и на „Сан Сиро“ помина скоро цела деценија како играч и затоа односот на клубот кон него беше и малку чуден.