Боели го отвори ќесето: Челси ќе има голем буџет за засилувања


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Челси доби нов газда на почетокот на месецов, па така на чело на клубот пристигна Тод Боели кој најави голем буџет за засилување ова лето.

Тренерот Томас Тухел ќе има 200 милиони евра за нови фудбалери, но сигурно ќе добие и дополнителни пари со продажба на тие кои не му се потребни.

Приоритет на тухел ќе му биде да ја засили одбраната, откако од клубот си заминаа Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, а по исти стапки би можел да тргне и Цезар Аспиликуета.

Челси ќе се обиде да го купи Жил Кунде од Севиља, а потоа и Матијас де Лихт од Јувентус, иако вториот делува како невозможна мисија во моментов.