Боели има четири причини да го отпушти Потер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Челси загуби и од Њукасл пред паузата за Светското првенство (СП) во Катар, а тоа ја продлабочи кризата во поранешниот англиски и европски шампион, а медиумите шпекулираат за отказ на Грем Потер и очигледно сопственикот Тод Боели има неколку причини за да го отпушти.

Една од причините се лошите резултати затоа што „сините“ не успеаа да слaват на последните шест натпревари во Премиерлигата, а уште полошо е тоа што ги загубија последните три од Брајтон, Арсенал и Њукасл.

Проблемот не се само резултатите, туку и играта без никаква идеја и визија, која на крајот се рефлектира и врз резултатите, па нешто Потер мора да промени ако остане тренер на премиерлигашот.

Неколку чудни одлуки на Потер на последните натпревари, како тоа да не го користи многу чести Пјер-Емерик Обамејанг во нападот, но и постојано да игра со Рахим Стерлинг кој во последно време изгледа многу лошо.

Уште една причина зошто Потер може да добие отказ е тоа што сè уште постојат одлични тренери кои се слободни, а дел од нив се Маурицио Покетино, Јоаким Лев, Зинедин Зидан (иако тој треба да ја преземе Франција) и други.