Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот гигант Челси денеска постигна договори за уште две засилувања, а тоа се Мајкл Олисе од Кристал Палас и Ромео Лавиа од Саутемптон.
Челси најпрво ја активира откупната клаузула на Олисе од 35 милиони фунти, како што објави новинарот Фабрицио Романо, а наскоро се очекува промоција на младиот фудбалер.
Олисе игра за Кристал Палас од 2021 година, а досега на 71 меч постигна шест гола и 19 асистенции.
„Сините“ потоа постигнаа договор со Саутемптон да го купат Лавиа за 53 милиони фунти во готово плус пет милиони во бонуси, а младиот играч ќе потпише повеќегодишен договор и ќе биде промовиран во текот на неделата.