Боели потроши 350 милиони евра на засилувања за Челси за шест месеци


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Роман Абрамович ја почна ерата во фудбалот со скапи трансфери, а очигледно неговиот наследник Тод Боели го надмина за само шест месеци.

Боели даде 350 милиони евра на засилувања од кои 200 милиони за одбраната, иако Челси во моментов делува како просечен клуб и се наоѓа далеку од топ-4.

Челси плати дури 30 милиони евра и за тренерот Грахам Потер, но резултатите не се задоволувачки и наскоро би можел да добие отказ.