Боели со мислите е во јануари: Челси носи Русин како замена за Маунт!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Челси во јануари повторно ќе биде активен на трансфер-маркетот, а новиот газда Тод Боели решил да го ангажира Арсен Закарјан.

Рускиот фудбалер можеше да си го оствари сонот уште летово, но сепак Фудбалската асоцијација на Англија го запре трансферот поради кризата создадена од Владимир Путин.

Познат новинар објави дека рускиот младинец побарал ерменско државјанство и речиси сигурно ќе го добие, а тоа ќе му овозможи во јануари да го засили англискиот гигант, кој има лош почеток на сезоната и покрај големиот број на засилувања.

Поранешниот фудбалер на Челси, Глен Џонсон кажа дека ова би можел да биде удар за Мејсон Маунт доколку не почне да создава шанси за голови и не ја крене својата форма бидејќи младиот Русин е талентиран и може да му ја загрози позицијата во првиот тим.