Богатинов избори финале во Купот, Тричковски даде гол, но АЕК Ларнака испадна!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонските интернационалци денеска беа во акција во кипарскиот Куп, при што македонскиот голман Мартин Богатинов и неговиот тим изборија место во финалето.

АЕК Ларнака загуби од Ахнас со 1-3, па така со вкупни 2-5 беше елиминирана, иако македонскиот напаѓач Иван Тричковски го постигна единствениот гол.

Тричковски погоди за водство од 1-0 по 20 минути игра, но сепак ривалот направи пресврт и на крајот запиша убедлива победа.

Ахнас во финалето на Купот ќе игра против Омонија.