Богут ја „затресе“ цела микс-зона: Ова е е*ена срамота! (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари на Австралија, Едрју Богут беше разочаран по поразот од Шпанија во полуфиналето на Мундобаскетот.

Богут очигледно беше незадоволен со големиот број судиски одлуки, па реагираше и на теренот неколку пати.

По мечот и поразот на неговата репрезентација, Богут ја „затресе“ микс-зоната, откако викна „Ова е е*ена срамота!“

Да потсетиме, Шпанија славеше во мечот по две продолженија, а конечниот резултат беше 95-88.

Шпанците во борба за златниот медал ќе играат против подобриот од второто полуфинале меѓу Аргентина и Франција.