Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал Мадрид почувствува гнев поради тоа што Винисиус не ја освои „Златната топка“, спротивно на она што се најавуваше денови претходно. Во клубот тоа го дознаа на денот на доделувањето на наградата на „Франс Фудбал“ и неколку часа пред церемонијата одлучија дека никој од актуелниот шампион на Шпанија и Европа и најголемиот клуб во светот нема да присуствува на гала вечерта во Париз каде што се доделува наградата.
Реал не беше задоволен иако Карло Анчелоти на таа церемонија беше прогласен за тренер на сезоната додека Килијан Мбапе требаше со Хари Кејн да го подели Трофејот „Герд Милер“ за играчот кој постигнал најмногу голови (52) минатата сезона. Додуша, тоа го постигна како играч на ПСЖ, но сега доделувањето на наградите го бојкотираше бидејќи е играч на Реал. На Реал ништо не му значеше ни што неговите играчи го освоија второто (Винисиус), третото (Белингам) и четвртото (Карвахал) место во изборот за „Златната топка“ или најдобар фудбалер за минатата сезона.
Винисиус беше особено огорчен што остана без очекуваната „Златна топка“. Бразилецот беше подготвен во Париз да ги однесе семејството и пријателите, на соиграчите им купи Ролекс часовници во знак на благодарност, а изнајми и еден хотел во Париз за прослава на „Златната топка“. Но, потоа доби порака дека не е победник.
Аранча Родригез, радио коментатор и инсајдер на Реал, открива дека бојкотот на церемонијата на Златната топка беше идеја на тренерот на Реал. „Анчелоти дозна дека Винисиус не е победник на Златната топка и ја предложи идејата клубот да ја бојкотира гала приредбата“, кажа Родригез.
.