„Боксинг деј“ – ден на кој во Англија повеќе од 120 години се игра фудбал!

Денеска во Англија се играат натпревари на познатиот „Боксинг деј“, односно ден на кој секогаш се игра фудбал на Островот.

Шефилд и Халан одиграа меч во 1860 година, а потоа во првата сезона во старата Фудбал лига (1888/1889), Престон славеше против Дерби со 5-0.

Постојат неколку теории за тоа зошто се игра „Боксинг деј“, но најинтересна е таа со господарите и слугите. Богатите Англичани во своите домови имале слуги и помошници, кои на 25 декември ги добиле своите подароци.

Втората теорија е дека на Божиќ во црквите се собирале пари, а еден ден подоцна (боксинг деј) истите се отворале.