Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во септември Ентони Џошуа загуби четврти пат во битката за титулата светски првак, но во 2025 година би можел да добие нова шанса, без да мора да се соочи ниту со Тајсон Фјури, ниту со Олександр Усик, ниту со Даниел Дубоа.
По нокаутот на Џошуа, Дубоа договори меч за одбрана на ИФФ титулата против Џозеф Паркер во февруари. Веќе за две недели, на 21 декември, Олександр Усик и Тајсон Фјури имаат реванш меч во кој влогот се сите преостанати појаси, меѓу нив и на ВБЦ. Ако Усик повторно не победи, можна е трета борба.
Но, ВБЦ не сака да стои на патот на потенцијалниот трет меч на Фјури и Усик, ниту сака остатокот од тешката категорија да стагнира додека тие двајца не решат кој е подобар. Затоа ВБЦ се согласи да организира меч меѓу Жилеј Жанг и Агит Кабајел за титулата, а Џошуа, потврди претседателот на WBC, би можел да го предизвика победникот од тој двобој.
„Нема поголема борба од Фјури и Усик, а таа отвора можности за иднината. Затоа прифативме број два и три на нашата листа да се борат за титула. Тие така ќе останат активни, а во дивизијата ќе се одржат најголемите можни борби“, рече претседателот Маурисио Сулаиман.