Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСЖ утре на домашен терен игра против Борусија Дортмунд во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони.
Парижаните во првиот меч беа поразени со 1-2 и сигурно ќе дадат максимум да се пласираат понатаму. Голем недостаток за домаќините ќе биде поддршката од трибините, зашто мечот мора да се игра без публика поради опасниот коронавирус.
Но, уште полоши вести за францускиот тим е фактот дека натпреварот најверојатно ќе го пропушти и Килијан Мбапе. Младиот напаѓач го пропушти вчерашниот тренинг поради болест, а тоа ги загрижи парижаните.
Мбапе ни утринава не се појави на тренингот на ПСЖ поради болки во грлото и би можел да го пропушти утрешниот дуел против Дортмунд.