Болид на Шумахер од 2001 година продаден за 15,98 милиони евра


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Ферарито што го возеше легендарниот Михаел Шумахер до победа на Големата награда на Монако во 2001 година, е продаден за 15,98 милиони евра на аукција. Шумахер се натпреваруваше со него и на ГН на Унгарија каде што исто така победи и го освои четвртиот од неговите седум светски титули тој година.

Болидот беше продаден на аукција во аукциската куќа Sotheby’s пред квалификациите за годинешната Голема награда на Монако, пренесува „Би-Би-Си“.

Ова е најскапиот болид продаден на аукција што го возеше Шумахер, а претходниот рекорд го држеше неговиот F2003 од 2002 година продаден за 11,60 милиони евра.

Фото: Grok AI

.