Болница во Барселона две недели пред „Ел Класико“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Напаѓачот Феран Торес е уште еден во низата играчи кои поради непријатност го напуштија кампот на репрезентацијата на Шпанија.

По Дани Олмо, денеска е потврдено и дека Феран Торес се враќа во Барселона каде што ќе закрепне од полесна непријатност. Повредата не е посериозна, но не е познато дали Ханси Флик ќе ризикува со него во саботниот дерби со Жирона, пред “Ел Класико”.

Надвор од строј се Рафиња, Фермин Лопез, Дани Олмо, Ламин Јамал, од порано се подолго повредени Пабло Гави и Марк-Андре Тер Штеген, така што Ханси Флик е во нови проблеми.

Она што е сигурно, Олмо нема да биде подготвен за “Ел Класико”, ќе се врати на почетокот на ноември, додека се очекува дека до гостувањето во Мадрид ќе закрепнат Јамал, Рафиња и Фермин Лопез, како и Феран Торес.

Барса ја пречекува Жирона во сабота во 16.15, во истиот термин гостува и Реал на 26 октомври, а помеѓу тоа ја пречекува Олимпијакос, на 21 октомври од 18.45.