Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Реал Мадрид се соочува со проблеми со повреди оваа сезона. Сега листата на повредени играчи се продолжи со едно име.
Во рамките на 16. коло од шпанската Примера Реал Мадрид вчера беше гостин кај Жирона и оствари победа со 3:0.
Стрелци за Кралскиот клуб беа Белингем во првиот, односно Гулер и Мбапе во второто полувреме.
Иако беше остварена победа, врз сè фрли сенка повредата на уште еден фудбалер на Реал Мадрид.
Од играта во 81. минута излезе Ферлан Менди поради проблем со повреда.
Карло Анчелоти на теренот наместо него до крајот на натпреварот го воведе Фран Гарсија.
По натпреварот, новинарот Фабрицио Романо објави дека Менди повредил мускул и ќе биде отсутен извесно време.
Францускиот дефанзивец така ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите кој Реал Мадрид го игра за два дена против Аталанта.