Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најтрофејните англиски клубови Ливерпул во јануари сакал да го купи македонскиот репрезентативец и фудбалер на Наполи, Елиф Елмас, барем така објави турскиот весник „Аксам“.
Турскиот весник пишува дека Ливерпул се насочил кон Елмас затоа што тренерот Јирген Клоп има проблеми со фудбалери во средниот ред, а „дијамантот“ во моментов е резервна опција во Неаопл.
За Елмас интерес имаше и од Милан, но сепак „росонерите“ на крајот се решија да го ангажираат младиот и талентиран Шарл Де Кетелар.
Наполи овој пат нема да прави проблеми за трансфер на Елмас, како што тоа беше случај во минатото, а засега не е познато за колку пари би можеле да го продадат македонскиот играч.
Елмас го засили Наполи во 2019 година за 16 милиони евра, а досега настапи на 141 натпревари и постигна 12 гола и осум асистенции.