„Бомба“: Конте се враќа на местото на успехот!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус сезонава не игра воопшто добро под водство на тренерот Масимилијано Алегри, иако Италијанецот ги доби посакуваните засилувања, па сега се шпекулира дека на кормилото на гигантот од Торино ќе седне Антонио Конте.

Италијанецот работеше во Интер неодамна, но сепак планира да се врати во Серија А, каде што сега сака да ја тренира екипата на Јувентус.

Конте во минатото го носеше дресот на Јувентус, а исто така беше и тренер на „Старата дама“ од 2011 до 2014 година пред да го преземе кормилото на Италија,

Во моментов се слободни уште неколку тренери, меѓу кои Томас Тухел и Маурицио Покетино, но тие не се споменуваат како решенија за позицијата во Јувентус.