„Бомба“ на англиски „Сан“: Мурињо се враќа и ќе води трета екипа во Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалецот Жозе Мурињо е заинтересиран повторно да се врати во Премиерлигата, кадешто има искуство откако ги предводеше Челси и Манчестер јунајтед, но во декември доби отказ од кормилото на „црвените ѓаволи“ поради лоши резултати, па од тогаш нема ангажман.

Англиски „Сан“ објави дека 56-годишниот тренер е заинтересиран да води уште еден клуб во Премиерлигата, а наводно е главен кандидат за тренерското столче во Арсенал.

„Топчиите“ ниту сезонава не играат како што се очекува од нив, па се наоѓаат на петтата позиција во Премиерлигата, а тренерот Унај Емери е под голем притисок.

Мурињо претходно се поврзуваше и со Тотенхем, кој исто така е во голема криза, но сега наводно Португалецот е поблиску до клупата на „топчиите“.