Бомба на Нафиу, Шкендија го израмни резултатот против Тотенхем (Видео)

Екипата на Шкендија со фантастичен погодок стигна до израмнување на натпреварот против Тотенхем кој се игра на националната арена „Тодор Проески“.

Шкендија се ослободи од притисокот во вториот дел и само што нападна кон голот на Тотенхем веднаш постигна погодок и тоа каков…

Нафиу прими топка од Љупче Дориев и со вонсериски удар го совлада Џо Харт..