„Бомба“ на Островот: Манчестер сити го купи Грилиш!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Долго време се најавуваше трансфер на Џек Грилиш, а тој конечно се реализираше и англискиот репрезентативец стана фудбалер на Манчестер сити.

Тимот од „Итихад“ го потврди трансферот на социјалните мрежи, а Грилиш ќе игра за „граѓаните“ во следните шест години.

„Многу сум среќен што дојдов во Манчестер сити. Ова е најдобриот клуб во земјата и со тренер кој се смета за најдобар во светот, ми се оствари големиот сон“, кажа Грилиш.

Англискиот фудбалер стана и најскап фудбалер во Премиерлигата откако Манчестер сити за неговите услуги плати 130 милиони евра.