„Бомба“ на повидок: Реал Мадрид тргнува по еден од најдобрите Португалци


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид не успеа летово да го ангажира Пол Погба од Манчестер јунајтед, но затоа имаат уште речиси две недели за да ангажираат нови засилувања и очигледно веќе имаат една желба.

Бруно Фернандеш долго време се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но остана во Спортинг Лисабон, по што сега би можел да направи трансфер во Мадрид.

Португалските медиуми пишуваат дека Зинедин Зидан го посакува Португалецот во неговата екипа, па наскоро ќе биде испратена официјална понуда за неговите услуги до Спортинг.

Треба да се спомене дека Фернандеш беше најдобриот фудбалер за врска во минатата сезона и на 50 меча постигна 31 гол и 17 асистенции за Спортинг.