Бомба на „Скај Спортс“: Реал се откажува од Погба и почнува преговори со Нејмар


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Најеминентниот спортски медиум „Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Реал Мадрид се заинтересирани за услугите на Нејмар.

Весникот пишува дека раководството на клубот веќе започнале преговори со ПСЖ околу можниот трансфер на Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Од Барселона пред неколку денови изјавија дека нема да го донесат Нејмар во своите редови ова лето бидејќи тоа е многу комплициран трансфер.

Оваа порака од Реал Мадрид ја дочекаа со раширени раце, па сега ќе имаат околу еден месец за да го договорат најголемиот трансфер за овој летен преоден рок.