„Бомба“ од 100 милиони: Барселона прави трансфер кој ќе го стресе фудбалскиот свет!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона летово се засили со неколку врвни фудбалери, иако имаше финансиски проблеми, а веќе размислува на следното лето и претседателот Жоан Лапорта има листа со желби.

Познатиот новинар Жерар Ромеро објави дека Барселона следното лето ќе се обиде да ангажира десен бек бидејќи Ектор Белерин е само привремено решение.

Ромеро објави дека Барселона има неколку желби на својата листа, но најголема е Трент Александер-Арнолд од Ливерпул.

Тој е еден од најдобрите фудбалери на неговата позиција во светот, а има договор со Ливерпул до 2025 година и Барселона ќе мора да плати околу 100 милиони евра за да го купи.