„Бомба“ од Англија: Ливерпул го урна рекордот и го победи Челси!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Мојсес Каиседо и дефинитивно заминува од Брајтон ова лето, но не во Челси како што се планираше, туку во Ливерпул кој испрати поголема понуда.

Ливерпул испратил понуда од 110 милиони фунти и така ја доби трката со Челси за талентираниот фудбалер на Брајтон.

Екипата на Јирген Клоп со ова ќе го урне британскиот трансфер-рекорд кој го постави Деклан Рајс со трансферот во Арсенал.

Челси останува со празни раце по преговорите кои ги водеше со недели, но сега планира да се насочи кон друг играч, а тоа е Ромео Лавиа од Саутемптон, кој ќе чини околу 50 милиони евра.