Бомба од Апенините: Италијански новинар тврди дека Гвардиола постигнал договор со Јувентус


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Познатиот италијански новинар Луиџи Гуелпа пренесува сензационалистичка вест од Апенините.

Во интервју за Радио „ЦРЦ“ новинарот на „Ил Џиорнале“ со една изјава ја разбранува фудбалската јавност во Италија. Тој потврди дека Јувентус постигнал договор со Пеп Гвардиола за следната сезона, а најави дека клубот ќе тргне по услугите на Калиду Кулибали.

„Гвардиола има договор со Јувентус. Тоа го кажав и претходно, а сега можам и со сигурност да ги потврдам овие најави. Можам уште да кажам дека Јувентус има големи шанси да го обезбеди потписот на Кулибали за следната сезона“ –заклучи Гуелпа.