„Бомба“ од Апенините: Ѕвезда на Јувентус се сели во Рома!?


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Поранешниот шампион Јувентус ова лето најверојатно ќе остане без услугите на Федерико Кјеза кој треба да се пресели во Рома.

Италијанските медиуми пишуваат дека агентот на Кјеза, Фали Рамадани бил во Рим во изминатите денови каде што го преварал трансферот.

Кјеза има договор со Јувентус до 2025 година, но „бјанконерите“ не бараат премногу пари за трансфер, а Рома е подготвена да понуди 20 милиони евра.

Италијанецот во дресот на „Старата дама“ одигра 131 натпревари, а притоа постигна 32 гола и 23 асистенции.