СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Кошаркарот на Реал Мадрид Џанан Муса би можел да го напушти шпанскиот тим на лето.
Кошаркарските медиуми низ Европа ја пренесоа веста дека Денис Смит Џуниор го напушта Реал Мадрид по само еден месец, а постои можност да не биде единствениот.
Како што јавува „Марка“, Џанан Муса, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, на лето би можел да стане слободен играч и така да стане вистинска „бомба“ на европската кошарка.
Реал загуби од Уникаха во финалето на Купот на Кралот и Муса во јавноста беше спомнат како еден од виновниците за тој пораз и се наведува неговата многу слаба форма.
Се повреди уште против Анадолу Ефес во Истанбул кога Реал беше поразен, а кажа дека ќе игра во купот и на една нога, па е разбирливо што одигра под својот нивоу.
За време на трите меча во Купот на Кралот, Муса шутираше 1/10 за три поени, додека во финалето против Уникаха имаше четири поени (сите од слободни фрлања, 0/4 од игра), а Марка наведува дека ова не е првпат да потфрли во важен меч и дека затоа заслужува критики.
Договорот на Муса истекува на 30 јуни и постојат одредени сомнежи дека истиот нема да биде продолжен и дека Муса веќе размислува за пазарот и постепено избира нова средина.