Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Чаби Алонсо и Реал Мадрид подготвија изненадувачко засилување. Новиот член на клубот би можел да стане играчот од средниот ред на Кристал Палас Адам Вартон.
Мадридскиот Реал е заинтересиран за услугите на 21-годишниот играч од средниот ред на Кристал Палас, Адам Вартон, тврди Дејли Мејл.
Вартон имаше навистина одлична година зад себе. Палас игра одличен фудбал, а овој млад фудбалер е навистина чудесен на средината на теренот.
Тоа не остана незабележано. Дејли Мејл тврди дека Хаби Алонсо е подготвен да го доведе во своите редови.
“Реал Мадрид внимателно го следи Адам Вартон. Постојано се на Селхерст Парк и го следат неговиот развој. Играчот е на листата на Реал Мадрид, но и на други големи клубови,” наведува Дејли Мејл.
Вартон дефинитивно е момче за кое ќе се слуша многу во иднина. Веќе сега е значаен фактор во играта на Палас и му се насмевнува голем трансфер.
Останува да видиме дали тоа ќе се случи веќе ова лето или сите ќе почекаат одреден период. Интересот е огромен и Палас има намера да заработи големи пари.
Фото: Принтскрин