„Бомба“ од Мадрид: Перез е на чекор од голема одлука, Анчелоти во сериозен проблем


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е исклучително лут поради поразот од Барселона во „Ел Класико“. Разочарувањето прерасна во опасност за работата на Анчелоти.

Реал Мадрид претрпе тежок пораз во „Ел Класико“ од Барселона. На преполниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, Каталонците го разбија најголемиот ривал со неверојатни 4-0.

Првиот човек на Кралевите, Флорентино Перез е исклучително лут по дебаклот. Неговиот гнев оди толку далеку што за прв пат се затресе столчето на Анчелоти.

„Позицијата на Carlo Ancelotti стана ‘сензитивна’ по поразот во Ел Класико. Флорентино Перез е фрустриран од тимот”, наведува „Релево“.