Бомба од Мадрид: Реал одлучи да продаде голема ѕвезда


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Бразилецот Родриго е вишок во Реал Мадрид. Кралскиот клуб одлучи да го продаде 24-годишниот напаѓач и неговото заминување е можно веќе во јануари.

Реномираниот шпански новинар Марио Кортегана посочува дека овој фудбалер го изгубил статусот ‘недопирлив’ и клубот е подготвен да го продаде.

„Понудите што ќе пристигнат за Родриго ќе бидат разгледани. Тој го изгуби статусот недопирлив, особено поради тоа што стигна до очајна бројка од 30 натпревари без гол – најлошо за еден напаѓач на Реал. Израмни рекорд на Мариано Дијаз“, посочува Кортегана.

Цената на бразилскиот офанзивец сè повеќе паѓа. Кралевите сакаат да спасат што може да се спаси, па се веќе во јануари подготвени да слушнат понуди за него и се очекува да прифатат една.

Интересот за 24-годишникот најмногу доаѓа од англиската Премиер лига, а неговата сегашна цена е 80 милиони евра.