„Бомба“ од Шпанија: Анчелоти добива нова работа!?


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона веројатно ќе остане без трофеј. По испаѓањето во Лигата на шампионите, Кралевите беа поразени од Барселона во финалето на Купот на кралот, а Каталонците се многу поблиску до титулата шампиони на Шпанија.

Лоша сезона значи заминување на Карло Анчелоти од клупата на кралскиот клуб. Иако има уште една година од договорот, легендарниот Италијанец ќе замине на крајот од оваа сезона, а веќе се знае и каде ќе ја продолжи тренерската кариера.

Релево синоќа објави ексклузивна вест дека 66-годишниот е нов селектор на Бразил.

„Претставник на Фудбалскиот сојуз на Бразил е во Севилја. Ќе разговара со Карло Анчелоти за да ги завршат деталите околу преземањето на оваа репрезентација. Договорот е постигнат”, соопшти Релево.

Фото: Принтскрин