Сагата за Хулијан Алварез добива сосема нов заплет, и тоа каков што малкумина можеа да очекуваат.
Иако трансфер периодот заврши, името на аргентинскиот напаѓач сѐ уште е една од главните теми во шпанските медиуми.
Според информациите кои доаѓаат од Шпанија, ситуацијата помеѓу Алварез и Атлетико Мадрид може да стане толку сложена што клубот од Мадрид зимава би можел самиот да понуди својот најдобар напаѓач на Барселона.
Оваа можност ја претстави на јавноста новинарот Хосе Алварез во емисијата Ел Чирингито, повикувајќи се на информации добиени од луѓе блиски до аргентинскиот фудбалер.
“Пораката која ја пренесува Алварезовата околина е решавачка. Тој веќе не сака да игра за Атлетико Мадрид. Ситуацијата помеѓу сега и јануари ќе стане неодржлива”, изјави новинарот.
















