„Бомба“: Санчез се враќа во Барселона!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонските медиуми пишуваат за следниот потег на Барселона на трансфер-маркетот, а во него е вклучен фудбалерот на Интер, Алексис Санчез.

Барселона бара засилување во нападот, откако екипата остана без Серхио Агуеро, кој мораше да ја заврши кариерата, па Чави на располагање ги има само Депај и Лук де Јонг.

Претседателот на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта бил во завршни преговори со Интер за да се реализира позајмицата на Санчез до крајот на сезоната.

Санчез не добива шанса во Интер, а има огромна плата, па италијанската екипа сака да се ослободи од него и Барселона во моментов е идеална шанса за такво нешто.

Исто така, Санчез има желба да се врати во Барселона, каде што играше во минатото.