„Бомба“ во најава: Реал Мадрид ќе потроши 180 милиони евра!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот весник „Воз Попули“ најави бомбастичен трансфер до крајот на денот, а тоа е дека Реал Мадрид наводно ќе потроши 180 милиони евра за да го купи Килијан Мбапе од ПСЖ.

Мбапе се врати во првиот тим на парижаните, по проблемите со управата кои ги имаше затоа што не сакаше да потпише нов договор, но сега следат нови шпекулации за неговата иднина.

ПСЖ бара 250 милиони евра за трансферот, а првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез неодамна негираше дека ќе даде толку пари за Мбапе.

Перез кажа и дека нема пред-договор со францускиот голгетер, но тоа не значи дека не се заинтересирани за неговите услуги.

До крајот на денот останува да видиме дали ќе се остварат најавите од шпанскиот весник „Воз Попули“.