Бомбастични вести од светскиот фудбал: Сер Алекс наместил натпревар од Лигата на шампионите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сер Алекс Фергусон наместил натпревар од Лигата на шампионите, и тоа не обичен, туку помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус по кој бил награден со скапоцен часовник од 40.000 евра.

Овие шокантни обвиненија на сметка на легендарниот тренер ги изнесе италијанскиот менаџер Џузепе Паљара, еден од двајцата агенти кои се појавија на суд поради наместени натпревари и разни неправилности во фудбалот.

Иако Паљара негирал дека не работел спротивно правилата, посочил дека Сер Алекс го наместил натпреварот помеѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед и за тоа добил скапоцен „Ролекс“ од 40.000 евра.

Брајан Онил е главен обвинител на овој случај и тој наводно го потврдил сведочењето во кое се споменува Сер Алекс Фергусон, како и уште неколку други влијателни менаџери како Стив Мекларен, Хари Реднап и Нил Ворнок.