„Бомбата“ на Ливерпул е во топ-10 во историјата, но тоа не ветува премногу


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што се развиваше фудбалот, во него од сите страни се вбризгуваше пари, а со нив и трансфери на играчи кои од преоден рок до преоден рок нудат суми од кои ни се врти во главата.

Оддамна е пробиена магичната граница од 100.000.000 евра кога е збор за трансфери, Пари Сен Жермен поради Нејмар даде и повеќе од двојно, но не се што е „луксузно“ платено беше и на терен вратено.

Вчера Ливерпул со доаѓањето на Германецот Флоријан Вирц од Бајер Леверкузен за, според специјализираниот портал „Трансфермаркет“, 125.000.000 евра ги помести своите и границите на Премиер лигата, остварувајќи го најголемиот трансфер во историјата на Англија, но Вирц не е ни во ТОП 5 на сите времиња.

Неприкосновен е Бразилецот Нејмар, кого Пари Сен Жермен го доведе од Барселона за неверојатни 222.000.000 евра, а Нејмар им „врати“ со несовојувањето на Лигата на шампионите, на која мораа да чекаат до минатиот мај.

И вториот најголем трансфер во историјата на фудбалот е поврзан со актуелниот првак на Европа. ПСЖ за Килијан Мбапе на Монако му плати 180.000.000 евра, како што знаете ни Мбапе не беше тој кој им го оствари сонот, само кога го напушти Париз и отиде во Реал, престолнината на Франција дочека да го види пехарот на Лигата на шампиони.

Кога ќе погледнеме што за ПСЖ направија Нејмар и Мбапе, тоа воопшто и не е така малку во споредба со третиот на листата на најголемите трансфери, преминувањето на веќе заборавениот Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за 135.000.000 евра, Бразилецот на „Камп Ноу“, слободно можеме да кажеме, не покажа ништо.

Фото: Принтскрин