Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот напаѓач на Јувентус, Мојсе Кин се најде во центар на внимание по синоќешниот меч против Каљари.
„Старата дама“ како гостин победи со 2-0, а еден од головите го постигна Кеан. Но, претходно беше мета на расистички удар на домашните навивачи, кои го навредувале во текот на целиот меч.
По постигнатиот гол Кин застана пред навивачите на Каљари и на фантастичен начин им одговори. Сепак, многу „прашина“ се крена, откако се огласи Леонардо Бонучи, кој ја налути јавноста.
„Имаше расистички навреди кон Кеан по неговиот гол, Матуиди се налути поради тоа. Вината е 50-50. Погреши Кин, а загрешија и навивачите. Треба да бидеме пример, треба да напредуваме заедно“, вели Бонучи.
Драмата уште не се смирува, зашто сега се огласи и Мино Рајола, кој немаше милост кон Бонучи.
„Ако во клубот постојат личности, кои не сакаат да се борат против расизмот, тогаш тие треба да заминат. Спортот има важна улога во италијанското друштво. Меѓу Италијанците постои расизам, но сите молчат за тоа. Јувентус мора да го продаде Бонучи поради неговиот потег“, вели Рајола.