Бонучи имаше краток коментар за срамниот пораз на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус игра ужасно на почетокот на новата сезона во Серија А, па освои само еден бод, а вчера беше шокиран на домашен терен од Емполи (0-1).

Тренерот Масимилијано Алегри кажа дека неговите избраници научиле уште една лекција по ужасниот резултат и против Удинезе на почетокот на сезоната.

Поразот од Емполи го искоментира и дефанзивецот Леонардо Бонучи, кој испрати порака преку социјалните мрежи и порача дека такво нешто не смее да им се повтори.

„Јувентус не смее да игра како вчера. Време е да работиме напорно и да почнеме со добрите резултати“, напиша Бонучи.